layout for myspace

четврток, 8 февруари 2007 г.

ПУСТА ЖЕЛБА

Сакам бебе!!! - рече Соња....

И јас сакам едно. - рече Марко....


А, како се прави бебе? - праша Соња...


Не знам. - збунето одговори Марко. Никогаш сум немал потреба да дознаам...


Најпосле се сети!!!


Ќе проверам на интернет!!!!!

Соња скокна од радост. Седнаа пред екранот и бараа....
Кога дознаа се обидоа прв пат, па втор, па трет .....
Излегуваа зајачиња, мали плишени мечиња, автомобили на батерии, сликовници, мали гитари, виолини, шминки за барбики ( за кои со мала доплата се добиваа и вистински барбики), лижавчиња, коњчиња за клацкање, најразлични видови на кукли, се, се, се.... Само бебето никако не сакаше да се појави.


САКАМ БЕБЕ!!!! - рикаше Соња од лутина.


НЕ БИВА!!!! НЕ ГЛЕДАШ ЛИ ДЕКА НЕ СМЕ СПОСОБНИ ЗА ТОА!!! - рикаше и Марко обидувајки се да ја надвика бесната Соња.


ТИ СИ НЕСПОСОБНО СУШТЕСТВО!!! - извика Соња и си замина.


Марко остана уште малку со подзината уста. Отиде кај прозорецот и ја гледаше Соња како се губи низ дворот во далечината.


Се отвори вратата. Една жена со блага насмевка и мил поглед долго го гледаше Марко, додека тој со поглед ја испраќаше последната сенка на Соња.


Пак се скаравте? - праша со зачудувачки милозвучен глас.


Мамо. Зошто со Соња не можеме да направиме бебе? - натажено праша Марко и започна да ги собира играчките расфрлани по целата соба. По изгледот на лицето на мајка му знаеше дека одговорот нема набргу да пристигне.