layout for myspace

вторник, 30 јануари 2007 г.

ЛИЦЕТО НА ВЕЛЕС

Велес како Велес... Ама има и лице. И тоа нешто слично како она на Марс (или пак се лажам). И да биде финтата поголема се наоѓа на рид кој мештаните го нарекуваат св. Илија. Е ај сега....

Благодарност до Google Earth за понудената помош!!!

среда, 24 јануари 2007 г.

КАРМА

Бебето ги отвори очињата и го погледна светот
не плачеше и не беше вознемирено
едноставно се насмевна и остави нежноста да го облие неговото лице
мрдна со рачињата и се роди нов ден
пушти едноставен тон и се роди нов свет
сега му преостана да започне да живее во него
во целата негова светлина
во целиот негов мрак
и да ја ужива таа чудна мешавина
и да ја живее со радост во срцето
се' дури не биде подготвено да го напушти
да го напушти со истата таа радост која го внесе во него
да ги отвори очињата
да мрдне со рачињата
да пушти едноставен тон...

вторник, 23 јануари 2007 г.

Утре

Јаков се разбуди со силна главоболка. Тежок мамурлак. Рече од утре не пијам. Стана и отиде да се истушира. Целото WC беше како рајот на свињите. Впрочем таква беше и целата дупка ( како што милуваше да го нарече својот дом). Рече утре - генералка!!! Така мокар целиот се шеташе гол низ станот. Го отвори фрижидерот. Насекаде мувлосани работи, отворена конзерва паштета, полуизедено парче риба, еден скапан патлиџан. Се на се, незгодно за очи а уште понезгодно за нос. Го тресна фрижидерот. Не, не, не... Утре генералка, ОБАВЕЗНО!!! Најде една полупразна шоља кафе, ја зеде и седна на копјутерот. Почна да листа по игриците, одбра една, запали цигара и започна да игра. Му сметаше сонцето. Ги спушти ролетните и направи тотална темница. И играше, и беше задоволен и нервозен и среќен и пцуваше и пееше и.... Му заѕвони мобилниот. Како бе!!!! Кога летна денот? Ајде веднаш доаѓам!!! Навлече еден пар фармерки кои лежеа на подот, се мушна во патиките, ја грабна јакната и излета низ вратата.


Јаков се разбуди со силна главоболка. Тежок мамурлак. Рече од утре не пијам.

Барем да не зборував си помисли. Се насмевна. Стана и отиде да се истушира.

понеделник, 22 јануари 2007 г.

Погледот на Софија

Кога се роди Софија, погледна кон мајка си и само се насмевна. Кога стигна дома се насмевна и на татко и. Како растеше се смееше на светот оклу неа. На учителката, на првото момче, на првиот бакнеж, на вториот, на губењето на невиноста, на факултетските професори, на автомобилите, на цвеќињата, на животните на соновите...

Еден ден погледна во сонцето и му се насмевна.

Сонцето и возврати...

Таа повеќе не можеше да гледа.

Можеше само да и се насмевнува на темнината околу неа.

И се насмевнуваше. Со месеци, години...

Така со насмевка на лицето заспа. Имаше привидение. Ја виде сопствената смрт. Ја погледна и и се насмевна. И смртта и возврати.

Утрото се разбуди со насмевка. Излезе боса, во ноќница на тротоарот и со насмевка замина во далечината. Сите беа шокирани. Никогаш не сфатија што е тоа што ја уништи, погледот или насмевката.

Софија само ги гледаше и се смееше. Беше далеку од уништена. За прв пат во животот се смееше вистински, од срце.


Француски Надреализам


НИШТО ОСОБЕНО


Во вселената, една галаксија
Во галаксијата, еден сончев систем
Во сончевиот систем, една планета
На планетата, еден океан
До океанот, еден континент
На континетот, еден полуостров
На полуостровот, една државичка
Во државичката, едно градче
До градчето, едно село
Во селото, еден мост
Под мостот, една река
Во реката, една риба
Под рибата, еден камен
Под каменот, НИШТО ОСОБЕНО!!!

Ох колку е мал светот...
Ох колку се големи црешите...


Не сум сигурен дека баш вака беше. Ама поентата е таа. Всушност и се' се врти околу црешите. Нели?


Посветено на ликови кои не мораа да се појават во мојот живот

УРА УРА УРА ЗА НЕПИСМЕНА МАКЕДОНИЈА

Летово бев во Птуј, Словенија на еден семинар. Таму се разговараше за Балканот и како ние ги гледаме соседите на Балканот. За Македонците двете главни забелешки беа сиромаштија и неписменост. Од ова второто страшно се навредив. Не се чувствував ама ни малку по неписмен од останатите, ниту пак другите од македонската група беа неписмени....
Е сега. Значи по неколку месеци си седам дома, пуштам телевизија и го гледам оној досадниот квиз со погодување (незнам дали беше на А1 или Сител или пак Телма, додуша тоа е и најмалку важно). Знаете на кој мислам. Праќаш СМС, плаќаш едно 50ден. за тоа па ако ти се јават имаш право да ја погодуваш "загатката". Тоа не беше ништо чудно. Можеби и немаше да обратам внимание да не ја забележав сумата. 170 000 денари. Си викам ова мора да е добро.


Значи прашањето беше слично на ова:
12 + 6 * 3 - 4 =?
а) 86 б) 16 в)26 г)25


Значи имате уредни одговори долу, па евала Македонијо земај калкулатори!!!!


Луѓе ако ви се верува имаше одговори како 50, 180, 34/5 и сл.


Не знам како на никој не му текна да рече 3 баби и 7 жаби...
Од друга страна пак се обидуваат Хај Скул-о да го направат задолжително. Абе ако нешто треба да биде задолжително тоа ти е вечерно. Испит пред земање плата. Четири прашања. Математика, Македонски јазик, Македонска историја и Уметност. Колку помалку одговорени, толку помала плата. Процентуално!!!! Па да видиш како ке се научат и проценти и се'!!!! И тоа да важи за сите. Од санитарец до министер. Кои мозоци ги извезуваме ние бре? Да имавме мозок немаше вака да изгледаме.






Ова на некој начин требаше да ми биде утеха. Ама и не сме баш некоја голема група. Затоа покорно јавувам одам на спиење. Можеби утре ќе биде подобро. (мала шала) :D

КАДЕ ЛИ ЈАС ТОА ЖИВЕАМ


Знам. Одамна си го поставувам ова прашање. Со мојата мизерна смисла за национализам (повеќе сакам да јадам гомна за сите срања од минатото до сега отколку да ги величам добрите работи) и немам право нешто многу многу да се бунам. Искрено сакам да киднам од овде и тоа што подалеку. Ако може и на друга планета, ама ич не ми е важно. Е сега причините...Не е причината затоа што ни е тешко, економија, пари, поствоен период, курци –палци. Не тоа порано ми сметаше. Сега не. Сега е минорно. Срамотно минимално. Повеќе сакам да избегам заради народов. Искрено мислам оти ич не не бива. Не бива само за лажење пред другите дека можеби и ќе не биде. Ама мојот став е дека не не бива. Не не бивало, не не бива а ако продолжиме вака и никогаш нема да не биде.Не може да не биде кога во една река (која веќе беше прогласена за мртва а излезе дека нешто сепак опстојало и таму) можат да се фрлат толку срања и тоа малкуто што останало да го снема. И да се викнат хемичари и тие да речат оти е хемикалија ама не знаат која!!!! Ма дај!!!! Кој ти курац, што работат тие. Да не е случајно некое ново непознато биолошко оружје ебаго?Црквата сама си продава плацеви со некои стари малецки црквички и манастири стари само 2/3 илјади години, со преживеани неколку стотици војни и окупации. Ама за тоа ќе граделе нови и поубави. Епа браво за МПЦ. Алал им вера (намерен турцизам). Им симнувам капа им бакнувам крст. Тотално правилно. Идиотски. Предавнички и незнам што уште не. А сака да биде признаена како афтономна :). Абе се гледа и господ повеќе не не сака. Секој втор ден гром мава во човек. Што би рекол еден лик со калашников од “Сиви камион црвене боје”. Џабе се молиме. Грешка ни е календарот. Ги промашуваме светците.Некои си мумии таму во Кумановско, ги нашле, ги извлекле, ги оставиле во Србија и сега ги нема. Ако. И така стари беа. Пред распаѓање. Прочитав дека имало уште, ама газдата на местото не давал да се копа. Е сега државата (пошто сиромашна) нема пари да му ја отплати боранијата како што нема пари да отплати било што земјоделско, не се меша. Абе седи си на старна најарно е.За политиката не ни почнувам, само ќе кажам оти ептен ме нервираат плачковци во политика, а еве сега и тоа. Абе но комент.Да не редам натаму. И ова е многу (а за краток период).Сега се фокусирам на мојот бегалски стаж. Само имам проблем. Никој не ме сака надвор од тука. Немам признат пасош. Немам виза.


Одсекогаш ја сакав револуцијата. Сега мислам дека тука е невозможна.Само седам разочарано и чекам. Велат полошо од ова не може да биде.Дај боже.


Јас чекам!

ЛАЖАМ!!!!!!!


Со постов морам да направам едно огромно признание и не ми баш лесно.
Да! Лажам!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Многу ретко за озбилни работи. Само кога ќе проценам дека подобро ќе биде да кажам добра лага одколку злобна вистина. И толку.
Ама за приказните кои сакам да ги раскажувам. . . .
Не лажам, сушам. Почнувам од една вистинска случка и надоградувам. Пишувам што ми доаѓа во моментот. Никогаш немам спремен пост. Имам спремни слики :) Шлаг на торта. Така ми е многу повкусна.
Ова го пишувам поради некои од коментарите во САКАЈКИ. . .
Секоја чест луѓе и благодарам што ме читате, ама зарем мислите дека постои некој на планетава до толку.........
Мислам целта не ми е да ме СОЖАЛУВАТЕ, туку да се ЗАБАВУВАТЕ!!! А, ако во меѓувреме некој е погоден од некој збор што сум го напишал и тој збор му смени некоја најситна работа во животот на подобро, јас ќе бидам најсреќниот на планетава.
Тоа му доаѓа како КОДОТ НА ДА ВИНЧИ. Супер книга, ама само книга. Не вистина. Не верувајте во се што ќе прочитате. Забавувајте се. Јас барем така ги гледам работите.
Уживам во постовите на блогов. Губам по цели ноќи за да дочитам што повеќе. Ме инспирира, ме релаксира, ме опушта ама и ептен добро се забавувам. Ретко пишувам коментари (кога ке ме погоди "зборчето"), ама уживам во читањето.
За крај ке ви кажам уште едно благодарам на оние кои ме читаат, кои ме сакаат, кои ме мразат и на оние кои сеуште не ме откриле, единствено што можам да ви предложам е да се ЗАБАВУВАТЕ! Онака како што најдобро знаете и умеете.
А сега, пошто ме фативте неспремен, за сликава не превземам одговорност :)

УУУУУУУУУУУУ ЈЕБО ТЕ ЖЕНИ!!!!!!

Не се залетувај. Нема овде да најдеш шовинизам. Напротив. Ова е еден мал обид да ги разберам оние од спротивниот пол.


Значи се започнува со една случка. Најобична (можеби не толку секојдневна) али доста вообичаена и нормална.

Овде вмешани особи се: нормално Jас, Цими - М, Цими - Ж и девојката на Цими М.

Значи излегувам јас без горе наведените на едно многу суптилно скопско место, со една многу суптилна скопска Ж особа. Се си тече како што треба, си се враќам дома културно во 4 сабаајле и си легнувам и се е како подмачкано. Но... Утрото со кафето се прават следниве муабети:

1.

Цими - М :Направи нешто?
Јас:Да.
Цими - М :Со неа?
Јас:Не. Со алкохолот!
Цими - М :Ај да си ми жив и здрав!

2.

Цими - Ж :Вчера излезе а?
Јас:Да.
Цими - Ж :Кој бевте, ти, таа, другарка и, и кој беше четвртиот, другар ти? И бевте на она суптилното место, а? Што се случи? Како. . .(кажано со молскавична брзина)
Јас:Ууууууууу! Јебо те, не ми изигравај цајкан.
Цими - Ж :Добро!!!!!(луто заминува во другата соба)

3.

Девојката на Цими М:Си фати девојка, а?
Јас:Немам, поим. Може ќе излезе само забава.
Девојката на Цими М:Добро ама. . .
Јас:(видно изнервиран)Абе педер, дај олабави, како со алфи да живеам У.П.М!!!!!


Е сега прашањето е зошто едноставно не може да биде кратко и јасно. Зошто мора детаљи. Па на крај крајот, мои се бе, јас ќе си ги чувам, за мене. СЕБИЧНО! И ич не ми е гајле!!!!
Ги сакам сите ликови во драмава, само некои од нив веројатно никогаш нема да ги разберам (или пак тие да ме разберат мене).
Во секој случај сфатив дека избори мора да се прават. Со се'. Со секој лик што ќе ти слета во животот, со секоја ебана ситница, со секоја ситуација.
Во прилог на тоа...



П.С:Поздрав до К8, верувам дека твоите барања (или потреби) до некоја мера ќе бидат задоволени, од страната на Николарис. Поздрав и до ЛИЛИТ за несебичното делење на блогерската виртуелна љубов. Чао. Се читаме.

СТОЧАРСКА КРИЗА!!!

Аларм!!! (трепка црвено светло)

Во Македонија драстично е намален бројот на стоката која вирее на оваа почва. Најголем пад постои кај овците, а најмногу кај оние кои беа наменети за стрижење и молзење. Пад има и кај кравите како и кај повеќето видови на стока наменети за музачко - стрижечки дејности. Власта е во паника и свика итна седница, опозицијата е во паника и свика итна седница уште вечерва, во паника се и останатите помали партии и тие нормално свикаа итни седници. Целиот народ исто така е во паника и на големо купува пиво и чипсови од локалните продавнички. Вечерва на овие седници ќе се решава прашањето за опстанокот на оваа сточарска нација. Сите се во исчекување.

Од неофицијални извори дознаваме дека најверојатно за оваа појава е виновно претстојното Светско Фудбалско Првенство во Германија. Ниту ФИФА ниту било која друга радикална фудбалска организација сеуште ја нема официјално превземено одговорноста.
Од ова произлегува претпоставката дека претстојните избори можат да бидат тотално неуспешни, зошто како дознаваме, дури ни сточарите не останале имуни на оваа треска. Се што ни преостанува е да се молиме на некое чудо (како што сме веќе одамна навикнати) и да се надеваме на подобри времиња.




Yes, it's a mad world, and i'm too sain to live in it...

So?!?!?!

GO FOOTBALL!!!!

Сакајки..............

Сакајки да и се приближам се сопнав од првиот пред мене и подот ме плесна по чело...
Сакајки да и се претставам ја изгорев со цигарата. Овде, нормално, идеше репликата "ќе си фатиш дечко", само да се оправдам на некој си дури и за мене чуден начин, но општо прифатен од околината и како таков најлесен за ослободување од обврската наречена ЈАС-НАПАСНИКОТ!!!!
Сакајки да и ја искоментирам фигурата, ја полив со пијачка, доволно безбојна за скоро да не се забележи, со доволно јак мирис да ја осетат дуууури до Зимбабве. Башка како што дознав подоцна, ТАА беше возач...
Сакајки да и се допаднам и ги кажав најлошите можни работи, по најлош можен редослед. Правопропрционално на тоа ТАА ми го испрати најлошиот можен поглед и јас храбро, војнички, се повлеков позади фронтот...
Сакајки да и укажам на тоа колку ми е жал, почнав да се само-заебавам (во трето лице). За жал ТАА се препозна во повеќето од моите зборови и нејзината скромна надворешност (и не толку весела внатрешност) едноставно ми плеснаa во фаца дека ТАА е баш таква, и во тоа не гледаa ама баш ништо лошо...
Сакајки да ја оттргнам од мислите, јадев гомна за целата околина што ме опкружува, до детаљи. Нормално се заборавив во зборувањето и не успеав да се сопрам со коментарот за проѕирниот материјал од кој беше создадена нејзината суќна, кој пред рефлекторот ги оцртуваше целосно нејзините облини, заедно со долниот веш.Нема да коментирам што ми рече...
Сакајки да ја однесам на "кафе" успеав само да ја разлутам и да ја натерам веднаш да си замине.
И на крај! Сакајки да ја прекинам мојата сексуална апстиненција, си отидов дома сам, пешки, затоа што ги поебав сите пари за пијачки (кои требаше да ми помогнат да се опуштам пред неа)...
Сега си седам и се прашувам што всушност сакав?
Да ја легнам, да се заебавам со неа или да се претставам како нај само-заебаниот тип на планетава што некогаш постоел?
Уште немам одговор...
Можеби сакав нешто сосема друго, сосема различно...
Во секој случај...


...решив да почнам да им верувам на знаците кога ми велат дека едноставно не ме бива...

ИДЕНТИЧНОСТ?!?!?!?!?!?!?!?!?!?


Колку само беа исти... А колку не знаеја за тоа...

Ама ајде од почеток .


Прво таа дојде кај него. Не го познаваше, нити пак тој ја познаваше неа. На почетокот молчеа. Смешна атмосфера. 100 луѓе, помеѓу нив и таа и тој. Сами. Заедно осамени. Премногу срамежливи. Таа не знаеше зошто, а и тој немаше некое добро објаснување. Седеа и гледаа еден во друг. Минути како часови...
Тој започна да зборува, таа како едвај да чекаше да се скрши мразот го прифати разговорот. И разговараа. Се смееја. Пак разговараа.
Таа постара, поискусна, доволно паметна за да ја контролира ситуацијата. На некој начин тоа и беше пречка да се опушти, но на крајот успеа. Се почуствува повторно ослободена од се. Повторно слободна после толку долго време.
Тој, помлад сепак доволно искусен, знаеше дека цело време ја чекаше да се појави и сега таа е тука. Пред него. По некој случаен сплет на околности се појави од никаде, точно во моментот кога тој реши да се одмори од барањето. Беше среќен. Не сакаше да го пропушти моментот. Се отвори. Целосно и се препушти сакајќи да ја задржи. Беа сами и слободни.
Колку само не знаеја дека се исти! Исти по душа и слични по разум.
Се разделија како пријатели. Како вистински стари пријатели. Иако се знаеја само неколку часови.
Минуваше време. Се гледаа повремено во различни друштва. Беа среќни но не и слободни. Ја немаше таа слобода која ги здружи. Сепак беа благодарни што можеа да споделат уште еден момент заедно.
По неколку месеци таа повторно се појави кај него. За момент останаа сами. Како едвај да го чекаа тој момент. Веднаш започнаа да разговараат. Тогаш тој сфати колку се слични. Скоро идентични. По душа и по разум. Тој уште повеќе ја засака. Сега успеа и да ја разбере. Да си ги одговори прашањата кои го малтертираа додека не ја гледаше. Го завршија разговорот баш онака пријателски.


Таа замина со својата слобода.


Тој остана да се прашува што е тоа помеѓу нив. Љубов или некоја чудна посебна идентичност.

Кога програмерот пишува поезија


Ова е една постара песна што ја напиша еден мој ептен близок (како брат) другар, али програмер е.
Е сега видете каква беше (и е сеуште најверојатно) неговата визија за поезијата.

ЈАС СУМ. . .

Јас се прашувам колку ли е корен од 213
Јас слушам како некој работи на дигитрон во другата соба
Јас го гледам мојот стар дигитрон
ЈАС САКАМ ПОГОЛЕМ ДИГИТРОН!!!
Јас сум за никаде.

Јас се преправам дека решавам на ливче
Јас се чуствувам дека нема да решам ниту една задача
Јас допирам едно копче
Јас се грижам за него
Јас плачам оти во дигитронот нема батерии
Јас сум дрво.
Јас разбирам дека не мора се со дигитрон да се решава
Јас само кажувам дека е полесно
Јас сонувам за професионален дигитрон!
Јaс се обидувам да најдам батерија
Јас се надевам дека можеби тато ќе ми купи,
Јас сум безнадежен случај.
Јас се плашам од броеви со многу децимали
Јас мразам и квадратни равенки,
Јас сакам само природни броеви.
Јас одам на часови по математика одвереме - навреме.
Јас се смеам кога ќе помислам на плус и минус
Јас посакувам секој да има свој дигитрон,
Јас сум...

Песната беше напишана пред 5/6 години, пред програмерот и да помисли да стане програмер.

Поздрав Крки :)

КАКО МАЛ

Како мал мнооогу сакав да си играм со топка. Не беше битно фудбал, кошарка, тенис...
Битно беше оти е топка. Ама како мал.
Како мал ептен сакав и криенка. Бевме малку деца во маало па се облекувавме како нинџи целите во црно, ги плашевме заљубените кои се се "поштуваа" меѓусебно на клупите зад зградата, крадевме мачкини окца од (тогашните) регистрации и ги редевме на улица, па кога ќе поминеше кола целата улица беше како од дијаманти. Ама како мал.
Како мал не се вртев дома, се што дома беше забрането на улица беше легално и фраерски да се направи, постојано се каравме со родителите, постојано не бевме разбрани, постојано се бунтувавме.
Ех како мал излегував со 50 денари во џеб и си минев фантастично. Немаше забрана за работно време, немаше забрана за излегување, тук там по едно две пукања во цела држава еднаш годишно, и тоа заради лични пресметки, правевме банди, печатевме мајци како ознака на нашето друштво, уживавме.
Сега сум малку поголем од кога бев мал. Сосема малку и веќе е неиздржливо. Постојано стресови, огромна дупка во џеб, ме сака - не ме сака проблеми, нови видици, терористи, сајбер порно глумици, огромни подочњаци, полициски држави, пропаганди,три пички материни, у курац...
Празников го искористив да бидам со старото друштво, на старите места. Некои веќе вработени, други без работа, едни со деца, фамилии...
Ама пак се осетив како мал. Три цели дена бев повторно мал. Сите бевме мали. Забодени со шатор во шума, на страна од се, време мало, ама наше. Време да си се почуствуваме како мали. Може како мали ни беше подобро или полошо, не е битно. Не се замаравме. Уживавме.



Сега пак сум малку поголем. Чекам да дојде шанса повторно да си се почуствувам КАКО МАЛ.

LITTLE LOVE G I R L / B O Y STORRY

Ова го прочитав кај една другарка во мала книгичка што ја добила за роденден.

Значи вака : ........
Си беше едно момче (кое се викаше Момче) кое беше заљубено во едно девојче (кое се викаше Девојче). И тие така за маааалку ќе се здружеа, но кај девојчето се роди страв. Не знаеше што да направи, па реши да ја праша другарката (која се викаше Другарка). Таа и кажа за една игра со една маска (која се викаше не ти се давам). Девојче си ја стави маската и ја започна играта... Сега Момче беше збунет. Не знаеше зошто Девојче го игнорира, се исплаши, се засрами и побара совет од својот другар (кој по некоја случајност се викаше Другар). Другар му кажа на Момче за една игра со една маска (која се викаше не ти се давам) и го советуваше да ја игра до јаја затоа што сите девојчиња (па и Девојче) паѓаат на таа игра. Значи Момче во хаосот што му го направија пеперутките во стомакот, веднаш го прифати предлогот и тој започна да ја игра таа фамозна игра со една маска (која се викаше не ти се давам). Ја стави маската и.... Проблемот беше што и Момче и Девојче не ги знаеја правилата на играта, а со тоа не знаеја и кога таа игра завршува. Па продолжија да ја играат. И ја играа, и ја играа... играа... игра.... и..... Завршија дааааааааалеку еден од друг не сфаќајки, зошто, иако се сметаа за победници (Момче за себе и Девојче за себе) во играта со една маска (која се викаше не ти се давам), не се чуствуваа така.






Момче умре неславно од лошо фрлена граната во Ирак, а Девојче заврши како проститука пред МТВ после дванаесет.
Никогаш не заборавија еден на друг.....

FUCK ME I'M STUDENT


Од секогаш сум го сакал изговорот за студент.
Слаб си -студент сум
Имаш подочњаци - студент сум
Не пиј толку - студент сум
итн. итн.
Тоа ме натера да се запрашам, освен моите студентски маки, кои се моите студентски права. Набргу ја сфатив мојата заблуда. Па јас сум имал мнооооооооогу права, а мноооогу помалку маки.

На пр:

1. Имам право на неодвраќање на професорот за неговата замерка за мојот локален дијалектен говор, иако зборвај не спаѓа во литературен Македонски.

2. Имам право да плаќам по 200 евра семестрално, иако се запишувам без ко-финансирање.
3. Имам право да морам да ги прифатам професоровите погледи на светот, иако тие не се мои.

4.Имам право да плаќам казни на студентски, затоа што дотичната од студентски не се сеќава каде ги ставила моите навремено предадени документи.

5. Имам право да молчам за секоја неправда сторена врз мене, затоа што тука ме заштитува колку саканиот исто толку невидливиот студентски сојуз.

6. Имам исто така натаму права кои избегнувам да ги напишам, затоа што веќе почнав да запаѓам во депресија.

ТРИПАТИ УРА ЗА УКИМ И ЗА МОИТЕ ПРАВА, ЗАТОА ШТО СЕ САМО МОИ (И НА МОИТЕ ДРАГИ КОЛЕГИ - СТУДЕНТИ)

РЕШЕНИЕ?!?!?!?!?!?!?!?!?!?


П.С.
Примериве се земени од повеќе различни ликови, храбри сојузници во студеното студентско преживување.

ШТО Е ТОА УМЕТНОСТ?????

Прашање за цел живот нели?
Епа до каде забегавме нека ви збори пријателчево од Monty Pythons.

...и Nikolaris едноставно престана да зборува...

Milion Dollar Hotel

Wow... After I jumped, it occurred to me:

life is perfect, life is the best.

It's full of magic and beauty...

opportunity and television.

And surprises. Lots of surprises, yeah.

And then there's that stuff that everybody longs for...

but they only really feel when it's gone.All that just kind of hit me.

I guess you don't really see it all that clearly when you're...

you know...

alive.

Го гледав филмот по десетти пат денес.
Се сетив на сообрaќајката пред месец дена.
Ова морав да го споделам...
Ве сакам

Кој тоа таму кажа ТЕАТАР?????

Еј супер ТЕАТАР
Ептен го сакам. Сакам многу и филмови, не можам да им се изнаситам ама театар...
Е сега нашиот театар???
Ај да го ругаме. На крај крајот, каков е таков е наш си е.
Наше право е да го фалиме и наше да го кудиме. Се што велам е дека само треба стварно да го сакаме и да го направиме подобар.
Мал дигресија, ни во околината нешто не цвета баш како што треба. Во Србија криза, во Албанија исто. Не сме нешто многу далеку и ние ама барем имаме нешто бе.
Секоја година наш театар зема награда во странство. Диво месо, Парите се отпувачка го прошетаа цел свет. Наши режисери растураат на страна. Унко ги збрка грциве во Атина кај што има околу 160 театри. И нашиот театар е срање?????
Ај ѕирнете малку со каква пара се прават театри на страна а со каква кај нас. Како може секоја година да имаме некој уметник у странство шо разбива, а кај нас прави срања. Каде е проблемот????
За Симон Трпчевски и уметниците од другите бранши да не ни почнувам.
А публиката!!!!!!!!!!!
Вчера бев на Скомрахи. Австриска претстава. Реномирани Амерички автори...
Еден идиот хркаше и им одвраќаше на актерите (кои бај д веј беа втора година студенти), телефони зврцкаат, фуфици се смеат ТЕАТАР!!!!!!!
Само ќе го цитирам Горан Стефановски
Нема театар
Нема култура
Се треба да се укине
Да се сруши и запусти
Потоа да го изградиме одново, и да пробаме да не го посереме како сега.
Ај со здравје!

МОРАМ ЗА ЕВРОКРИЗИЈА....

Како прво алал вера за џинглот... Поарно да сакаа не можеа да го направат (73та, 74та во Македонија), А пак што се фаци не се појавија.... ццццццц... Све кој од кој...
Не знаеш дали е Валандово фест, нота фест, за евро само у пари можеме да збореме
Од друга страна, нашата малечка напатена нација е една од ретките во светот и пошироко што се замара со овие глупости ама тоа ти е брате (или сестро) коа народни херои ни се идиоти од телевизија....
Најбитно е дека тие шо се попознати се изглупираа, тие шо се непознати уште повеќе и ја уште не можам да сванам шо кур тражам тука.

Како еден од најочајните македонци порачувам
АЈМО НА ГРУПНО ХАРАКИРИ, барем гордо да си умреме!!!!!!

И Штип во Гинис!!!!

Добро ова можеби е попознато, но во секој случај би сакал да го подвлечам.
Значи приказната (по штипски) тече вака....
Идат некој фаци од страна да даат пари за водоснабдување у градо и ги шетат по главното сокаче (пошо само сокаци се) да им ги покажат демек убавините на овоа ридче - долче. И сеа, се си е ок освен тоа шо општо се знае дека у сред Штип (тече?????) има една рекичка, шо уствари е подземна, ама има изградено огроооооомно корито од пооооодамна коа го поплавувала градо. Сеа пошто нема рекичка има посадено англиска трава и нормално тоа треба да се наводнува. Така да у сред лето имаш забодени прскалки шо си прскат и околу нив си трчкат циганчињата, децата, дедовците и бабите по децата и .... Нормално донаторите ја видеа оваа слика, и сеа треба да чекаме да ни донират пари оти општо познато е оти у овај град секое лето нема вода. Нормално луѓето биле и повеќе од збркани ама шо да се прае... Ако не бива река барем трава да имаме, нели. Англиска, Албанска, Струмичка... ич не ебитно каква. И да си се крстеме на странците, а после они нека се крстат коа ќе ни ги видат иновациите.
Заради горните работи ја сакам да почнам петција за Штип да улезе у гинисовата книга оти три дена шлаам на интернет и уше не сум нашол нешто за река шо вештачки се наводнува!!!.
Плус тука може да улезат у од министерството за животна средина и да покажат дека штипјани се толку хуманитарни шо од сопствената вода ќе се откажат само травата да не ни се исуше пред време.
Затоа гинис спремај се кај и да е ќе почне походо од латинска македонија накај тебе. Само крсти се да не им тргне со изумителството оти кај и да е ќе банкротираш...
Бидите ми поздравени и поздрвени од Англиската, Албанската, Струмичката....