УРА УРА УРА ЗА НЕПИСМЕНА МАКЕДОНИЈА
Летово бев во Птуј, Словенија на еден семинар. Таму се разговараше за Балканот и како ние ги гледаме соседите на Балканот. За Македонците двете главни забелешки беа сиромаштија и неписменост. Од ова второто страшно се навредив. Не се чувствував ама ни малку по неписмен од останатите, ниту пак другите од македонската група беа неписмени....
Е сега. Значи по неколку месеци си седам дома, пуштам телевизија и го гледам оној досадниот квиз со погодување (незнам дали беше на А1 или Сител или пак Телма, додуша тоа е и најмалку важно). Знаете на кој мислам. Праќаш СМС, плаќаш едно 50ден. за тоа па ако ти се јават имаш право да ја погодуваш "загатката". Тоа не беше ништо чудно. Можеби и немаше да обратам внимание да не ја забележав сумата. 170 000 денари. Си викам ова мора да е добро.
Значи прашањето беше слично на ова:
12 + 6 * 3 - 4 =?
а) 86 б) 16 в)26 г)25
Значи имате уредни одговори долу, па евала Македонијо земај калкулатори!!!!
Луѓе ако ви се верува имаше одговори како 50, 180, 34/5 и сл.
Не знам како на никој не му текна да рече 3 баби и 7 жаби...
Од друга страна пак се обидуваат Хај Скул-о да го направат задолжително. Абе ако нешто треба да биде задолжително тоа ти е вечерно. Испит пред земање плата. Четири прашања. Математика, Македонски јазик, Македонска историја и Уметност. Колку помалку одговорени, толку помала плата. Процентуално!!!! Па да видиш како ке се научат и проценти и се'!!!! И тоа да важи за сите. Од санитарец до министер. Кои мозоци ги извезуваме ние бре? Да имавме мозок немаше вака да изгледаме.
Ова на некој начин требаше да ми биде утеха. Ама и не сме баш некоја голема група. Затоа покорно јавувам одам на спиење. Можеби утре ќе биде подобро. (мала шала) :D
1 коментар:
Hello. And Bye.
Објави коментар