КАРМА
Бебето ги отвори очињата и го погледна светот
не плачеше и не беше вознемирено
едноставно се насмевна и остави нежноста да го облие неговото лице
мрдна со рачињата и се роди нов ден
пушти едноставен тон и се роди нов свет
сега му преостана да започне да живее во него
во целата негова светлина
во целиот негов мрак
и да ја ужива таа чудна мешавина
и да ја живее со радост во срцето
се' дури не биде подготвено да го напушти
да го напушти со истата таа радост која го внесе во него
да ги отвори очињата
да мрдне со рачињата
да пушти едноставен тон...

Нема коментари:
Објави коментар