layout for myspace

вторник, 23 јануари 2007 г.

Утре

Јаков се разбуди со силна главоболка. Тежок мамурлак. Рече од утре не пијам. Стана и отиде да се истушира. Целото WC беше како рајот на свињите. Впрочем таква беше и целата дупка ( како што милуваше да го нарече својот дом). Рече утре - генералка!!! Така мокар целиот се шеташе гол низ станот. Го отвори фрижидерот. Насекаде мувлосани работи, отворена конзерва паштета, полуизедено парче риба, еден скапан патлиџан. Се на се, незгодно за очи а уште понезгодно за нос. Го тресна фрижидерот. Не, не, не... Утре генералка, ОБАВЕЗНО!!! Најде една полупразна шоља кафе, ја зеде и седна на копјутерот. Почна да листа по игриците, одбра една, запали цигара и започна да игра. Му сметаше сонцето. Ги спушти ролетните и направи тотална темница. И играше, и беше задоволен и нервозен и среќен и пцуваше и пееше и.... Му заѕвони мобилниот. Како бе!!!! Кога летна денот? Ајде веднаш доаѓам!!! Навлече еден пар фармерки кои лежеа на подот, се мушна во патиките, ја грабна јакната и излета низ вратата.


Јаков се разбуди со силна главоболка. Тежок мамурлак. Рече од утре не пијам.

Барем да не зборував си помисли. Се насмевна. Стана и отиде да се истушира.

1 коментар:

Unknown рече...

e Jakove, Jakove.....ako, ako....da ne se povtoruvam? :) Keep on