layout for myspace

понеделник, 22 јануари 2007 г.

Погледот на Софија

Кога се роди Софија, погледна кон мајка си и само се насмевна. Кога стигна дома се насмевна и на татко и. Како растеше се смееше на светот оклу неа. На учителката, на првото момче, на првиот бакнеж, на вториот, на губењето на невиноста, на факултетските професори, на автомобилите, на цвеќињата, на животните на соновите...

Еден ден погледна во сонцето и му се насмевна.

Сонцето и возврати...

Таа повеќе не можеше да гледа.

Можеше само да и се насмевнува на темнината околу неа.

И се насмевнуваше. Со месеци, години...

Така со насмевка на лицето заспа. Имаше привидение. Ја виде сопствената смрт. Ја погледна и и се насмевна. И смртта и возврати.

Утрото се разбуди со насмевка. Излезе боса, во ноќница на тротоарот и со насмевка замина во далечината. Сите беа шокирани. Никогаш не сфатија што е тоа што ја уништи, погледот или насмевката.

Софија само ги гледаше и се смееше. Беше далеку од уништена. За прв пат во животот се смееше вистински, од срце.


2 коментари:

Unknown рече...

Eh....kao Sofija da sum jas....kako jas da sum Sofija....i jas se smeev za prv pat od srce.... treba da go pronajdam toj smev:)
Sovrsena metarfoza na necie postoenje

Dream House рече...

Ништо посебно. Се насмевна :D