Сакајки..............
Сакајки да и се приближам се сопнав од првиот пред мене и подот ме плесна по чело...
Сакајки да и се претставам ја изгорев со цигарата. Овде, нормално, идеше репликата "ќе си фатиш дечко", само да се оправдам на некој си дури и за мене чуден начин, но општо прифатен од околината и како таков најлесен за ослободување од обврската наречена ЈАС-НАПАСНИКОТ!!!!
Сакајки да и ја искоментирам фигурата, ја полив со пијачка, доволно безбојна за скоро да не се забележи, со доволно јак мирис да ја осетат дуууури до Зимбабве. Башка како што дознав подоцна, ТАА беше возач...
Сакајки да и се допаднам и ги кажав најлошите можни работи, по најлош можен редослед. Правопропрционално на тоа ТАА ми го испрати најлошиот можен поглед и јас храбро, војнички, се повлеков позади фронтот...
Сакајки да и укажам на тоа колку ми е жал, почнав да се само-заебавам (во трето лице). За жал ТАА се препозна во повеќето од моите зборови и нејзината скромна надворешност (и не толку весела внатрешност) едноставно ми плеснаa во фаца дека ТАА е баш таква, и во тоа не гледаa ама баш ништо лошо...
Сакајки да ја оттргнам од мислите, јадев гомна за целата околина што ме опкружува, до детаљи. Нормално се заборавив во зборувањето и не успеав да се сопрам со коментарот за проѕирниот материјал од кој беше создадена нејзината суќна, кој пред рефлекторот ги оцртуваше целосно нејзините облини, заедно со долниот веш.Нема да коментирам што ми рече...
Сакајки да ја однесам на "кафе" успеав само да ја разлутам и да ја натерам веднаш да си замине.
И на крај! Сакајки да ја прекинам мојата сексуална апстиненција, си отидов дома сам, пешки, затоа што ги поебав сите пари за пијачки (кои требаше да ми помогнат да се опуштам пред неа)...
Сега си седам и се прашувам што всушност сакав?
Да ја легнам, да се заебавам со неа или да се претставам како нај само-заебаниот тип на планетава што некогаш постоел?
Уште немам одговор...
Можеби сакав нешто сосема друго, сосема различно...
Во секој случај...
...решив да почнам да им верувам на знаците кога ми велат дека едноставно не ме бива...
Нема коментари:
Објави коментар